Lifestyle

Во светот најпосакувани професии се за пилоти и за модели, а во Македонија?

Меѓу професиите кои биле најпосакувани на платформите за пребарување, избор и пронаоѓање на работа се наоѓаат професиите за пилоти, стјуардеси, модели... Листата на најпосакувани работи во 2024 година е направена врз основа на тоа колку жителите во различни земји од светот побарале информации за тоа како да започнат кариера во одредена професија.

Така, во јануари 2024 година реченицата „како да се стане пилот“ била побарана и најчесто употребувана во 55 земји ширум светот, вклучително и во Велика Британија, Шпанија, Ирска, Нов Зеланд, Кенија, Сомалија, Индија, Саудиска Арабија и во Јапонија, пренесува Нова.

Според истражувањето на сајтот за кариера Џобсикер, втора најбарана професија на планетата била професијата за стјуардеса, за која има 29 илјади потраги. Најмногу пребарувања имало во Америка, Канада, Мексико и Бразил.

На трето место е  професијата за модели со 25 илјади пребарувања на глобално ниво. Оваа професија била прв избор и за граѓаните од Србија, но и во Хрватска, Унгарија, Бугарија, Романија, Албанија, Франција, Германија, Италија, Шведска, Египет, Алжир, Ирак и Мароко.

Во Црна Гора  работата од соништата е музичар, во Босна и Херцеговина тоа е професијата за пилот, а во Македонија најмногу се интересирале за тоа како се станува инфлуенсер!

Психолог е четврта најбарана професија во светот (17.000 пребарувања). Оваа работа  е најпопуларна  во Австралија и Боливија, на петто место е инфлуенсер, и за неа најмногу се интересирале граѓаните во Колумбија, Венецуела и Јужна Африка.

Лекарската професија е на шесто место со 15.000 пребарувња, а таа е најпопуларна во Уганда и ДР Конго, а како да се биде учител најмногу пребарувале во Белорусија, Украина и Русија. Професијата правник е прв избор во Хаити и во  Либерија.

Меѓу најбарани професии се и пожарникар и претприемач, пренесуваат Независне новине. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО