Lifestyle
Во Њујорк живеат најголем број на богаташи
22.03.2024г.
Во Њујорк живеат најбогатите Американци, а во последната деценија нивниот број се зголеми за 48 отсто и сега во најголемиот град во САД има 350 илјади милионери и 60 милијардери, соопштија од консултантската компанија „Хенли и Партнерс“.
Регионот околу заливот Сан Франциско е второ „најбогато“ место во Америка со повеќе од 305 илјади милионери и 68 милијардери. Во овој град има поголем број на милијардери од Њујорк, а бројот на милионери има висок раст од 82 отсто, пренесува ЦНБЦ.
На ранг листата на градови со најбогати жители се: Лос Анџелес (212.000 милионери), Чикаго (120.500) и Хјустон (91.000).
Најбрзорастечки американски град според бројот на богати жители е Остин во Тексас. Во Остин во изминатата деценија нивниот број се зголемил за 100 отсто и сега изнесува околу 33 илјади милиониери.
фото freepic