Lifestyle

Музичката индустрија во Србија со високи стапки на раст

Во музичката индустрија во Србија има околу 20.000 постојани работници, а минатата година остварила промет од 168 милиони евра. Прометот во 2023 година е повисок за 89 отсто во однос на периодот пред пет години, покажува истражувањето на Економскиот факултет во Белград.

Во истражувањето „Анализа на економските ефекти на музичката индустрија на економијата на Србија“, чиј нарачател е Владата на РС, за периодот од пет години уделот на бруто додадената вредност во оваа индустрија е зголемен од 0,05 на 0,11 отсто, додека во однос на 2022 година остварен е раст од 38 отсто.

Во текот на минатата година по основ на даноци и придонеси од забавната индустрија биле наплатени 6,5 милиони евра.

Бројот на постојано вработени во оваа индустрија изнесува 19,561 лице  и претставува зголемување од 33 отсто во односн ан 2022 година.

Како препораки за развој на музичката индустрија во Србија се посочуваат програмите за поддршка за развој на извозот на музиката, воведување на меѓународни стандарди и практики, програми за развој на професионални кадри и поддршка на младите уметници, пишува „Еуроњуз Србија“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО