Lifestyle

Србите јадат помалку леб, а повеќе пецива и тестенини

Граѓаните на Србија во периодот од 2006 до 2022 година ја намалиле потрошувачката на леб за половина. Секој жител годишно консумира 48 килограми леб, додека пред петнаесеттина години јаделе по 91 килограм. Намалувањето на потрошувачката на леб се должи на падот на бројот на жители во Србија, но и на промената на нивните навики, објави РТС.

Анализата покажала дека во набљудуваниот период бројот на жители се намалил за милион лица. Потрошувачката на леб е различна во различните региони на Србија. Најголем пад на потрошувачката по глава на жител има во Војводина, а потоа во регионот на Белград. Ова се регионите се остварува повисок општетствен производ по жител.

-        Во помалку развиените места потрошувачката на леб е повисока, вели Здравко Шајатовиќ, директор на Здружението на мелничари „Житоунија“.

Потрошувачката на пекарски производи е околу 10 килограми по глава на жител и таа се разликува во зависност од градовите и регионите. Во некои продавници во Белград се продава повеќе пекарски производи од леб. 

Поради намалената потрошувачка на леб се намалени и количините на пченица која се меле во мелниците во Србија. Во претходниот период се мелеле 1,2 милиони тони, а сега околу милион тони годишно. Во индустриското производство на пекарски производи забележан е раст на специјални пецива за околу 30 отсто. Во последната година во малите пекарници се проширува асортиманот на специјални видови на леб и пецива. Во 2023 година индустриското производство на тестенини се зголемило за 75 отсто во однос 2019 година, објави РТС.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО