Економија
Британците се соочуваат со повисоки цени на компирот и зеленчукот
17.04.2024г.
Велика Британија се соочува со недостиг на храна и со зголемување на цените поради екстремните временски услови и помалите приноси на домашните земјоделски површини. Рекордните врнежи не им дозволија на британските земјоделци во многу делови на земјата да ги засеат површините со компир, пченица и зеленчук во текот на пролетната сезона, пишува „Гардијан“.
Засеаните посеви се со лош квалитет, а неповолните временски услови се одрази и на високата стапка на смртност кај јагнињата во планинските предели, а кравите не може да бидат пуштени на слободна испаша, а тоа значи и помало производство на млеко.
Неповолните временски прилики се одрази и на производството на храна во Франција и Германија, а економистите предупредија дека тоа ќе се одрази и на цените на храната во малопродажните објекти.
На намалената понуда на компир влијаеше и намалувањето на засеаните површини за десет отсто, затоа што земјоделците се преориентирани на култури кои се помалку зависни од временските услови. Временските прилики во Велика Британија се одразија и на помалото производство на зеленчук, пренесува Б92.
фото freepic