Економија
Мартовската инфлација во ЕУ намалена за 0,2 отсто
17.04.2024г.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во март се намали на 2,4 отсто од 2,6 отсто во февруари, објави денеска Евростат.
Цените на енергијата во еврозоната се намалиле за 1,8 отсто на меѓугодишно ниво, додека цените на услугите во истиот период пораснале за четири отсто.
Храната, алкохолот и тутунот поскапеле за 2,6 отсто, а индустриските производи освен енергијата за 1,1 отсто.
На месечно ниво цените во еврозоната во март се зголемиле за 0,8 отсто. Годишната стапка на базната инфлација во еврозоната се намали на 2,9 отсто. Во февруари годинава базната инфлација изнесувала 3,1 отсто.
Во Европската Унија годишната стапка на инфлацијата во март е намалена на 2,6 отсто, а во февруари таа изнесувала 2,8 отсто.
Најголемата инфлација е забележана во Романија со 6,7 отсто, Хрватска со 4,9 отсто, Естонија и Австрија со 4,1 отсто. Најмала инфлација во март имале Литванија со 0,4 отсто, Финска 0,6 отсто и Данска со 0,8 отсто.
фото freepic