Економија

Бајден се залага за повисоки царини за кинескиот челик

Белата куќа соопшти дека кинеската политика и субвенции на домашната индустрија на челик и алуминиум предизвикува вештачки пад на цените на кинеските производи, а со тоа се намалуваат цените на висококвалитетните американски производи, пренесува француската новинска агенција АФП.

Американскиот претседател Џо Бајден повика на зголемување на царината на кинескиот челик и алуминиум во пресрет на обраќањето пред работниците на челик во Пистбург. Повикот на Бајден доаѓа по објавата на Канцеларијата на американскиот трговски претставник дека е покрената истрага за кинеската трговска практика во бродоградбата. Американскиот претседател „препорача“ да се преиспитаат сегашните царини од 7,5 отсто за кинескиот челик и алуминиум определени од администрацијата на Доналд Трамп. Според извештаите на агенциите, Бајден предлака царините да се зголемат за трипати.

Канцеларијата на американскиот трговски претставник објави дека покренала истрага во секторите бродоградба, поморство и логистика, по предупредувањата од американските синдикати за „неразумната и дискриминаторска политика на Пекинг“.

Од Белата куќа соопштија дека ја препознаваат растечката загриженост за влијанието на „кинеската трговска практика, во која е вклучена и продавање на челикот под пазарните цени, со што се поткопува глобалната конкуренција“, пренесе „Сее.биз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано