Економија
Германската економија избегна рецесија во првиот квартал
18.04.2024г.
Германската економија во првите месеци од годината постигна резултати кои се над очекувањата. Реалниот бруто домашен производ во првиот квартал најверојатно ќе покаже благо зголемување, оценува Бундесбанк во својот најнов месечен извештај.
Претходно економистите проценуваа блага рецесија. Меѓутоа како што соопшти германската централна банка „се уште нема знаци за одржливо заздравување на економијата“.
Во последниот квартал од 2023 година домашната економија беше во рецесија со стапка од 0,3 отсто. Централната банка на Германија очекуваше зголемување на индустриското производство и посилен извоз. Но производството и натаму е слабо во многу индустриски сектори, а негативни трендови има во градежништвото.
Германската банка очекува инфлацијата дополнително да се намали во април, пренесува ДПА.
фото freepic