19.04.2024г.
Србија увезува бесплатна струја од обновливи извори!
Србија во изминатите два викенда во април увезе бесплатна струја благодарение на вишокот на електрична енергија која се појави на преносната мрежа поради зголемената понуда од обвновливите извори на енергија. На овој начин Србија обезбедила 20 отсто од потребната енергија во текот на пет часа на тргувањето на берзите за преземање на струјата која е произведена од ветерните турбини и соларните панели. Производителите на обвновлива енергија сите количини во текот на денот ја предаваат на преносната мрежа која е над количините кои се побаруваат на пазарот.
Ваквата состојба на пазарот за струја и оди во прилог на „Електростопанство на Србија“ која располага и со реверзибилни хидро капацитети што и овозможува да го презема вишокот на обновливата енергија по пониски цени или бесплатно. Во пооделни земји, како во Германија, постои и т.н. негативна цена. Тоа е цената која ја плаќа производителот во состојба кога има вишок на произведена струја и создава обврска да плати на купувачот да ја преземе оваа количина на енергија, пишува „Данас“.
Професорот на Електротехничкиот факултет во Белград Никола Рајаковиќ нагласува дека Србија треба да воведе категорија на негативна цена која се применува во некои развиени земји.
- Во Србија не постои таква можност бидејќи не постои соодветна регулатива. Појавата на вишок на енергија ќе постои се додека не се изградат доволен број на капацитети за складирање на струјата произведена од обновливи извори, вели Рајаковиќ, во изјава за „Данас“.
фото freepic