Економија

Србија изгуби една четвртина од обработливото земјиште

Расположивото земјоделско земјиште во Србија за 11 години е намалено за 1,2 милиони хектари, односно за 23,81 отсто. Според првите резултати од пописот за земјоделство во 2023 година расположивото земјоделско земјиште изнесува 4,07 милиони хектари, искористеното земјиште е 3,2 милиони хектари, додека неискористеното земјоделско земјиште изнесува 122.257 хектари.

-       Расположивото земјоделско земјиште во 2012 година изнесувало 5.346.597 хектари, а во 2023 година имаме расположиво земјиште од 4.073.703 хектари. Поголемиот дел од „изгубените“ 1,2 милиони хектари се искористени за изградба на автопатишта и за градежни објекти, изјави агроекономистот Милан Простран во разговор за „Еуроњуз Србија“.

Во изминатите години има зголемување на цената на обработливите површини во Србија, а цената за еден хектар во Војводина достигна 120 илјади евра.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано