Економија

Министерство за трговија: Економијата на САД забави во првиот квартал

Економијата на САД забави во првиот квартал, одразувајќи го послабиот раст на личната потрошувачка, извозот и државните расходи, покажаа првите процени на Министерството за трговија во четвртокот.

Во периодот од јануари до март американскиот бруто домашен производ (БДП) е зголемен за три отсто во однос на истиот период лани. Во четвртиот квартал минатата година тој порасна за 3,1 отсто.

Личната потрошувачка се зголеми во првиот квартал за 2,4 отсто во споредба со истиот период лани, a кон крајот на годината иснесуваше 2,7 отсто.

Државните расходи се зголемени за 3,7 отсто, што е значително поблаго отколку во претходните три месеци кога скокнаа за 4,6 отсто.

Извозот на стоки и услуги од САД стагнираше по растот од 1,8 отсто во периодот од октомври до декември.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано