Економија

ММФ прогнозира повисок раст за азиската економија

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми својата прогноза за растот во Азија за 2024 година и очекува азиската економија да расте за 4,5 отсто, а прогнозата за 2025 година е непроменета и изнесува 4,3 отсто.

-       Приликите за Азија и Пацификот во 2024 година се поволни. Очекуваме економијата во овој регион да се забави помалку од претходните проекции кои зависеа од продолжувањето на инфлациските притисоци, изјави Кришна Сринивасан, директор за Азија и пацификот во ММФ.

Од ММФ посочуваат дека најголемиот ризик за азиската економија е состојбата во секторот на недвижности во Кина.

Претходно ММФ објави дека најголемата економија во Азија ќе расте со 4,6 отсто во 2024 година. Лани кинеската економија забележа раст од 5,2 отсто.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано