Економија

Србија со економски раст од 4,6 отсто

Реалниот раст на бруто домашниот производ на Србија во првиот квартал во 2024 година е повисок за 4,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, соопшти Републичкиот завод за статистика во својата привремена процена која е објавена денеска.   

Пресметувањето на кварталниот БДП за првиот квартал годинава ќе биде објавен на 31 мај 2024 година. Владата на Србија на почетокот на годината ги објави очекувањата за економскиот раст за годинава на ниво од околу 3,5 отсто.

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира реален раст на БДП за 3,5 отсто во тековната и за 4,5 отсто следната година. Годишната стапка на инфлација во Србија во 2024 година треба да изнесува 4,8 отсто и 3,1 отсто во 2025 година, објави „Бизнис.рс“.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано