Економија
Ранг листата на земји во Европа според трошоците на живот
30.04.2024г.
Најскапо место за живеење е Швајцарија, а каде е Македонија?
Најскапи европски земји за живеење се Швајцарија и Исланд. По нив следат островите Џерси и Гернзи, кои важат за даночни раеви, а на петтото место е Ирска. Меѓу десетте најскапи земји се Норвешка, Луксембург, Данска, Холандија и Велика Британија. Австрија е на 11 место, а Германија е на 12 место, Ова е ранг листата на земји според трошоците на живот која е направена од американската организација Ворлд популејшн ревју, која се занимава со собирање на податоци за глобалното население и демографија.
Споредбата за најскапи и најевтини земји е направена со споредување на цените на производите и услугите во Њујорк, врз основа на пет критериуми: трошоци на живот, висината на кирии или за стан, цените на храната и угостителските услуги и индексот на цените на производителите, пренесува Н1.
На дното на табелата на земјите со најниски трошоци за живот е Белорусија. Пред неа се Украина и Русија, Македонија и Молдавија.
Бугарија е на 36-то место, и таа е најевтината земја за живот од членките во Европската Унија. На 35 место е Романија, додека Србија го зазема 36 место.
Од земјите во регионот, Словенија е најскапа за живеење и се наоѓа на 25 место. Хрватска е на 29 место. По нив следат Црна Гора на 31, Унгарија на 32, додека Босна и Херцеговина не се најде на оваа листа.
фото freepic