Економија
Четирите најголеми економии во еврозоната со скромен раст
01.05.2024г.
Еврозоната излегува од рецесија
Еврозоната излегува од зоната на блага техничка рецесија откако четирите најголеми економии на Германија, Франција, Италија и Шпанија во првите три месеци во 2024 година остварија подобар резултат од претходните очекувања. По два последователни тримесечни намалувања од 0,1 отсто во 2023 година, во земјите од еврозоната е забележан раст од 0,3 отсто во периодот јануари и март годинава.
Двете најголеми економии во еврозоната, Германија и Франција, оствариле раст од 0,2 отсто, а Италија и Шпанија забележиле пораст на економијата од 0,3 и 0,7 отсто.
Од помалите економии подобри резултати постигнале Ирска со раст од 1,1 отсто, како и Летонија, Литванија и Унгарија, кои забележаа раст од 0,8 отсто.
Податоците на Евростат покажуваат дека вкупната инфлација во еврозоната е непроменета и во април изнесувала 2,4 отсто, а базната инфлација, која не ја вклучува енергијата и храната, се намали од 2,9 на 2,7 отсто, објави Н1.
фото freepic