Економија
ОЕЦД ја подобри процената за глобалниот раст
02.05.2024г.
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, благодарение на динамиката на закрепнување во САД. Денеска ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последната економска прогноза на организацијата од февруари таа изнесува 2,9 отсто.
- Внимателниот оптимизам почна да ја освојува глобалната економија, се вели во кварталниот извештај на ОЕЦД.
За САД има зголемување на прогнозата за раст на 2,6 отсто во 2024 година, во споредба со претходно прогнозираните 2,1 отсто. Прогнозата за еврозоната е благо зголемена, на 0,7 отсто, наспроти претходно очекуваните 0,6 отсто.