Економија

Компаниите во Франција мора да објават за прикриените зголемувања на цените преку намаленото пакување

Министерство за финансии на Франција во средината на април ги информираше трговците на мало дека во иднина ќе мора да ги информираат купувачите за производите чие пакување е намалено, но чија цена останала иста.

-       Од јули француските малопродажни компании ќе мора да ги информираат потрошувачите за храна и други производи за широка потрошувачка чија цена не е намалена по намаленото пакување, соопштија од француското министерство.

Прикриените зголемувања на цените преку намаленото пакување на производите влијаат неповолно на   потрошувачката на купувачите во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата, кои се под притисок на високата инфлација и зголемените трошоците.

И  јужнокорејската комисија за фер трговија (ФТЦ) објави дека таквата практика на трговските компании е неправедна, заканувајќи им се со казни. Така, во текот на три месеци производителите и храна ќе мораат да ги информираат купувачите со посебни етикети дека е намалена пакувањето на одредени производи, пренесе „Индекс.хр“. 


фото freepic

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано