Економија

Светските цени на храната во пораст втор месец по ред

Во април најмногу поскапе месото

Светските цени на храната пораснаa во април втор месец по ред, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житарките. Светскиот индекс на цените на храната порасна од мартовските 118,8 на 119,1 поен во април. Минатиот месец индексот на цените на месото се зголеми за 1,6 отсто на 116,3 поени, пред се поради повисоките цени на живината и говедското месо, а индексот на цените на растителните масла порасна за 0,3 отсто на 130,9 поени и сега е највисок во последните 13 месеци. Индексот на цените на житарките порасна за скромни 0,3 отсто на 111,2 поени.

Наспроти ова, индексот на цените на млечните производи падна за 0,3 отсто на 123,7 поени, а на шеќерот за 4,4 отсто на 127,5 поени. Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека производството во Индија и Тајланд е поголемо од очекуваното. Покрај тоа, Бразил забележа значителни врнежи од дожд на крајот на март по долг период на суша, така што одгледувачите на шеќерна трска во таа земја се пооптимисти за жетвата, пренесува „Бизнислаив“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано