Економија
Германскиот извоз се намалил од почетокот на годината
08.05.2024г
Извозот од Германија во периодот јануари- март 2024 година изнесувал 402,2 милијарди евра, што е за 1,1 отсто помалку во однос на истиот период лани, објави Сојузниот завод за статистика. Поголем пад на извозот е забележан со земјите од Европската Унија, која е најзначаен пазар за германските производи, а во првото тримесечие годинава е намален за 0,6 отсто. Германскиот извоз во еврозоната е намален за 2,1 отсто.
Во март увезената стока во Германија била во вредност од 111,9 милијарди евра што е намалување од 3,0 отсто во споредба пред една година.Увозот во Германија во првите три месеци годинава изнесувал 331,8 милијарди евра, што е намалување од 6,6 отсто во однос на истиот период лани, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic