Економија

Тендерска постапка за нова бугарска гасоводна делница

За изградба на бугарската делница за дистрибуција на течен гас од Грција, преку Бугарија и Романија, во Унгарија и Словачка и до Молдавија и Украина, понуди  доставиле три конзорциуми. Јавната набавка која е во вредност од 600 милиони лева е објавена од државното претпријатие „Булгартрансгаз“.

Овој проект е во рамките на проширување на капацитетот за гасоводно поврзување Кулата-Сидирокастро на грчката страна и Кардам-Негру Вода, како и за изградба на нови делници на гасната мрежа која ќе биде поделена во три дела.

Едната се однесува на изградба на гасовод долг 48 километри од Кулата до Кресна.

Втората делница опфаќа 53 километри од Пиперево до Перник, а предвидени се и две пречистителни станици. Најскапа деланица од гасоводот е од Рупче до Ветрина и е во должина од 61 километар.

За сите три тендерски позиции конкурираат истите конзорциуми, кои се предводени од бугарски компании, со учество и на фирми од странство, пренесува „Екапија“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано