Економија

Индија се соочува со најлошото енергетско сценарио

 

Индија се подготвува за најголем недостиг на електрична енергија во последните 14 години, а кој би се појавил во јуни годинава по падот на производството на хидроенергијата. Заради избегнување на прекините на испорака на струја енергетските компании ги одложуваат планираните ремонти и повторно се отвораат капацитетите кои работат на јаглен. 

 

Дефицитот од електрична енергија е предизвикан и со доцнењето со ставањето во функција на нови електрани на јаглен  со моќност од 3,6 гигавати, а кои требаа да бидат пуштени до март годинава, изјави извор на индиската влада за „Ројтерс“.

 

Најголем недостиг на струја од 14 GW се предвидува во јуни во ноќните часови, кога соларните колектори не се вклучени на мрежата, објавија од Централната управа за електрична енергија.

 

-       Процесот на планирање се потпира на најлошото сценарио, информираат од државно тело за планирање за енергетскиот сектор во Индија

 

Според достапните информации на индиската влада годинава  земјата оствари   најголем  дефицит во производството на електрична енергија од 2009 година. Индија долго се залагаше за продолжување на употребата на јаглен, но администрацијата на премиерот Наредра Моди го забави растот на производството на термоелектраните, за да се фокусира на транзицијата на зелената енергија, а со тоа  да ја исполни целта за нулта емисија за 2070 година, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано