Економија
Криза на пазарот на недвижности во Словенија
10.05.2024г.
Побарувачката за недвижности во Словенија значително се намали во 2023 година и вкупниот број на купопродажни трансакции за станови е намален за 24 отсто во однос на претходната година. Во Словенија за првпат од 2008 година се забележува прекин на растечкиот тренд на цените. Лани националниот индекс на цени за куќите се зголеми за 6,77 отсто, а во 2022 и 2021 година овој индекс изнесуваше 11,59 и 15,77 отсто, објави Заводот за статистика на Словенија.
Во 2023 година вредноста на извршените трансакции за продажба на становите изнесувала 1,39 милијарди евра и претставува намалување од 18,9 отсто во споредба со претходната година.
Продажбата на стари станови во Словенија е намалена за 24 отсто и извршена е продажба на 9.461 станбена единица. Трансакциите за новоизградените станови учествуваат со четири отсто од извршените купопродажби, се намалиле за 43,1 отсто. Во 2023 година биле продадени само 325 нови станови. Пренесува „Пословни.хр“.
фото freepic