Економија
Предупредување од ММФ до Црна Гора за планот „Европа сега 2“
10.05.2024г.
Зголемувањето на минималецот ќе предизвика и зголемување на ДДВ-то
Меѓународниот монетарен фонд го критикуваше планот „Европа сега 2“ за намалување на придонесите и зголемувањето на минималната плата во Црна Гора. ММФ во својот извештај посочува дека примената на овој план ќе создаде буџетска дупка и затоа данокот на додадена вредност мора да биде зголемен на 30 отсто, пишува „Вијести“.
Новата црногорска влада вети зголемување на минималната плата на 700 евра и намалување или укинување на придонесите за пензија.
- Ова претставува висок ризик за јавните финансии. Оваа политика може да доведе до значително влошување на фискалната позиција и до голема инфлација во Црна Гора, е ставот на ММФ.
Меѓународниот фонд предупредува дека реализацијата на програмата „Европа сега 2“ ќе го зголеми јавниот долг за над 100 отсто од БДП во 2029 година. Спроведувањето на програмата ќе бара и зголемување на стапката на ДДВ од сегашните 21 отсто.