Економија
Новата нуклеарка во Кршко ќе биде изградена до 2040 година?
10.05.2024г.
Изработката на предлог иницијативата за Државен просторен план за нова нуклеарна електрана во Кршко е во завршна фаза. Според определениот план НЕК 2 треба да биде изградена и приклучена на електричната мрежа во Словенија до 2040 година.
Според предвидената динамика, градежната дозвола за изградба на вториот блок треба да биде издадена околу 2032 година, а самата изградба би траела седум години. Колку ќе биде моќноста на вториот блок и колку ќе има агрегати во новиот дел на нуклеарката во Кршко, ќе биде утврдено во најскоро време.
Проектот ќе биде претставен во Кршко на 25 мај годинава, а потоа ќе следи и презентација и во другите делови во Словенија, пренесува „Сеебиз“.
фото wikipedia