Економија

Европските компании ги намалуваат капацитетите за обновливи извори на енергија

20.05.2024

Неколку големи европски енергетски компании ги намалуваат или ги преиспитуваат своите цели за развој на обновливите извори на енергија поради високите трошоци и ниските цени на електричната енергија. Најголемиот производител на обновлива енергија во Европа „Статкрафт“ соопшти дека ги преиспитуваат своите годишни цели за нови капацитети за обновлива енергија, додека португалската енергетска компанија ЕДП ги „корегираше“ своите планови, наведувајќи ги како причина високите каматни стапки и ниската цена на електрична енергија, пренесува „Фајненшел тајмс“.

Данската компанија „Орстед“, најголемиот оператор на ветерни електрани, го намали плановите за производство на обновлива енергија до 2030 година за повеќе од 10 GW, откако ги одложи двата големи проекти во САД поради зголемени трошоци.

Во април шпанскиот енергетски гигант соопшти дека ќе биде селективен во пристапот кон обновливи извори на енергија и ќе се посвети на подобрување на електроенергетската мрежа.  Италијанската компанија „Енел“ најави дека ќе ги намали своите инвестиции од 17 милијарди евра до 2025 година на 12 милијарди евра во периодот до 2026 година. За разлика од овие енергетски компании, германската РВЕ ги зголеми своите цели за обновлива енергија  од 50 GW на 60 GW до 2030 година.

Растечките каматни стапки во текот на последните неколку години, како и на трошоците за суровина ги поскапеа инвестициите во овие капацитети, а на некои пазари има и намалување на цената на електричната енергија. Како ограничувачки фактор се поставува и бавниот процес на одобрување на изградба на  капацитети за обновлива енергија, што го  забавува и процесот на енергетската транзиција, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО