Економија
Потрошувачката на нафта ќе расте до 2034
28.05.2024
Глобалната потрошувачка на нафта ќе расте до 2034 година, кога ќе го достигне максималното дневно ниво од 110 милиони барели дневно. Побарувачката за нафта во 2030 година ќе порасне на 108,5 милиони барели дневно, се наведува во најновата прогноза на аналитичарите од банкарската корпорација Голдман Сакс.
Продажбата на електрични возила на батерии (БЕВ) забавува на глобално ниво, додека интересот на купувачите за хибридните (ХЕВ) и плаг-ин хибридни возила (ПХЕВ) е поголем од очекуваното ниво, пренесува „Ројтерс“.
Здружението на европските производители на автомобили (АЦЕА) објави дека бројот на регистрираните електрични возила на батерии во април е зголемен за 14,8 отсто односно на 108.552 возила. Пазарното учество на овие автомобили е стабилно и изнесува околу 12 отсто. Учеството на хибридни-електрични возила (ХЕВ) се зголеми на меѓугодишно ниво и изнесува 24,9 отсто.
фото freepic