Економија
„Биогасната електрана ’Биоентерпрајз‘ во Општина Лозово е комплементарен пример на циркуларна економија
ЦЕНТАР ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Економија и бизнис | печатено издание | 01 мај 2024г.
Феро Инвест, групација на компании со дводецениско искуство во секторот на обновливи извори на енергија и лидер на македонскиот пазар во оваа област. Први во Македонија и во регионот започнавме со енергетската транзиција, а денес сме единствени на пазарот кои нудиме проекти со „клуч на рака“ за сите видови обновливи извори на енергија.
Работата со обновливи извори е дефинитивно директно поврзана со циркуларната економија. Искористувајќи ја енергијата од природата, од сонцето, од водата, од ветерот и од ѓубривото, создаваме електрична енергија и притоа директно придонесуваме во намалувањето на загадувањето и во подигнување на степенот на енергетска независност на земјава.
Во изминативе дваесет години реализиравме преку 120 проекти поврзани со обновливи извори, вклучувајќи мали хидроелектрани, фотоволтаични централи и биогасни електрични централи, единствени во Македонија развивме мобилна трафостаница, а моментално работиме на воведување на прв голем батериски систем за складирање на електрична енергија.
„Биогасната електрана ’Биоентерпрајз‘ во Општина Лозово е комплементарен пример на циркуларна економија. Од биолошкиот отпад од животни и од растителниот свет добиваме метан со кој потоа произведуваме електрична енергија, топлинска енергија за оранжерии, течно ѓубриво и висококвалитетен хумус. Малите хидроцентрали се најчесто на тешко пристапни планински места и ја користат силата на водата на планинските реки, фотоволтаичните централи енергијата на сонцето, а ветерниците потенцијалот на ветерот. Тоа се ресурсите кои Македонија ги има и треба паметно и максимално да ги искористиме за општествен бенефит.“