Економија

ОКТА: Остануваме посветени на поттикнување на севкупната одржливост и благосостојба за идните генерации

ЦЕНТАР ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Како компанија посветена на одржлив развој, концептот на циркуларна економија има големо значење за нас. Согласно на тоа, посветени сме на усогласување на нашите деловни операции со релевантните правни директиви, спроведување на индустриски стандарди и иновативни решенија за подобрување на нашите перформанси во рамките на циркуларната економија.
Во насока на одржливост презедовме многу иницијативи насочени кон оптимизирање на потрошувачката на енергија и подобрување на енергетската ефикасност на нашите капацитети. Нашите најнови напори вклучуваат изградба на фотоволтаична централа од 12 MW на сопствено земјиште. Оваа значајна инвестиција, со енергија од обновливи извори, најмногу ќе ги напојува операциите на ОКТА, што ќе биде значителен чекор во намалување на еколошкиот отпечаток. Дополнително, пред неколку години инициравме соработка со мали и со средни индустриски компании кои трошат значителни количини електрична енергија во нивните производни процеси. Нудејќи им ја можноста да интегрираат фотоволтаични постројки во нивните операции и да го надгледуваат управувањето со енергијата, активно придонесовме за подобрување на нивната енергетска ефикасност и за намалувањето на загубите на енергија. Исто така работиме и на рециклирање на старо железо преку соодветен третман, што придонесува за рециклирање и за повторна употреба на материјалите, што претставува начин на зачувување на ресурсите и на намалување на отпадот.
Прифаќајќи ги принципите на циркуларната економија, остануваме посветени на поттикнување на севкупната одржливост и благосостојба за идните генерации.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано