Економија
Индиската економија забележа силен раст
02.06.2024
Индиската економија во првите три месеци годинава пораснала за 7,8 отсто, благодарение на високата активност во индустријата. Индустријата во Индија бележи континуиран раст во последната година. Во првиот квартал годинава забележа раст за 8,9 отсто во однос на истиот период лани. Во периодот од октомври до декември индустријата имала раст од 11,5 отсто. Во земјоделскиот сектор има стагнација, додека личната потрошувачка е заголемена за четири отсто, што е ниско ниво за Индија.
Бруто додадената вредност во индиската економија пораснала за 6,3 отсто.
Владата на Индија ја зголеми проценката за економскиот раст за целата фискална 2023/24 година од 7,6 на 8,2 отсто.
Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека индиската економија годинава да порасне за 6,8 отсто, пренесе „Бизнис.ба“.
фото freepic