Економија

Саудиска Арабија и ОПЕК ќе продолжат со намаленото производство на нафта

Саудиска Арабија и другите земји производители на нафта од ОПЕК  го продолжија периодот за намалување на производството на нафта  за цела 2025 година. Во соопштението на организацијата ОПЕК не е наведено што ќе се случува со доброволното намалување на производството за 2,2 милиони барели дневно, што се применува  од помалата група на неколку членки на организацијата, во која се наоѓа и Саудиска Арабија, пренесува агенцијата „Бета“.

Бојната во Газа и нападите на бродовите во Црвеното Море од милитантните групи на Хутите во Јемен не ја зголемија цената на нафтата на 100 долари по барел, која последен пат беше постигната во септември 2022 година. Можната причина за ниските цени на нафтата се повисоките каматни стапки, спорото заздравување на економиите во светот, зголемената понуда на нафта надвор од земји кои не се во ОПЕК, вклучително и на американското производство.

Цената на бензинот во САД последната недела е на стабилно ниво од 3,56 долари по галон, што е пониска цена од минатата година. 

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 0,6 отсто, на 81,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1 отсто, на 76,99 долари. Во текот на целиот мај цената на барелот на лондонскиот пазар падна за околу 7 отсто, а на американскиот за околу 6 отсто, што е нивна најголема месечна загуба оваа година.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано