Економија

Хрватска е на врвот во ЕУ според учеството на платите во јавниот сектор

Хрватска се наоѓа на врвот од земјите на Европската Унија, веднаш зад Данска, гледано според издвојувањето од буџетот за плати во јавниот сектор, покажуваат податоците на Главната управа за економски и финансиски работи во Европската комисија,. Со предизборните ветување за зголемување на платите во јавниот сектор,  расходите за плати во државните институции во Хрватска се зголемија од 11,5 отсто од БДП во 2023 година на 13 отсто во 2024 година. Хрватска ги надмина богатите земји, како Финска, Белгија, Франција и Шведска, во кои издвојувањата за плати во јавниот сектор изнесува 10 отсто од БДП, објави „Лидер медиа“.

Во анализата во која се опфатени секторите од јавниот сектор, како што се јавна управа и одбрана, образование, здравствени и социјални дејности,  покажува дека сумата за плати во јавниот сектор во Хрватска пораснала за 33,2 отсто на годишно ниво, забележува Ивана Јовиќ, извршна директорка за економски истражувања во Привредна банка Загреб. Во истиот период нето платите во приватниот сектор се зголемени за 11,9 отсто.

Со ова дополнително се продлабочи јазот меѓу платите во јавниот и приватниот сектор во Хрватска. Разликата во висината на платата меѓу двата сектора се намалуваше од 2008 до 2018 година, за еден процентен поен годишно. Во  2020 и 2021 платите во јавниот сектор во Хрватска растеле посилно од приватниот сектор. Во анализата на Светската банка, приватниот сектор бил подобар во однос на платите само во категоријата на „најплатените“ работници, односно кај менаџерите. Во 85 до 90 отсто од вработените во јавниот сектор во просек би заработувале помалку, кога би работеле во приватниот сектор, пишува „Лидер медиа“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано