Економија
Бугарската економија со раст од 1,8 отсто, еврозоната со 0,3 отсто
07.06.2024
Бугарската економија порасна за 1,8 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2024 година, објави денеска Бугарскиот национален институт за статистика (НСИ).
На квартално ниво, бугарската економија порасна за 0,4 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година.
Потрошувачката на бугарските домаќинства во првиот квартал од 2024 година е зголемена за 3,7 отсто, а јавната потрошувачка за 1,7 отсто. Во истиот период, инвестициите пораснале за 7,9 отсто на годишно ниво, со значително побрзо темпо отколку во четвртиот квартал од 2023 година, кога е забележан раст од 4,7 отсто, пренесува „Танјуг“.
Економијата на еврозоната порасна за 0,3 отсто во првиот квартал од 2024 година во однос на четвртиот квартал од 2023 година, објави Евростат. Кварталниот економски раст на Европската Унија за истиот период е 0,3 отсто.
Во првиот квартал од 2024 година, германската економија порасна за 0,2 отсто квартално, со исто темпо како и француската економија. Највисок квартален економски раст е забележан во Малта од 1,3 отсто, Кипар од 1,2 отсто, Хрватска од 1 отсто. Најголем пад е забележан во Данска од 1,8 отсто, во Естонија од 0,5 отсто и во Холандија од 0,1 отсто.
фото freepic