Кириите за изнајмување на станови во Германија продолжуваат да растат, а потстанарите мораат да платат повеќе за 5,3 отсто, во споредба со последниот квартал од 2023 година. Од почетокот на 2022 година станарините во германските градови се повисоки за 8,7 отсто. Според истражувањето на Институтот за германската економија ИВ Келн, цените за изнајмување се повисоки во германските градови. Во главниот град Берлин станарините поскапеле за 9,2 отсто, во Лајпциг за 7,8 отсто, во Минхен за 7,3 отсто, во Келн за 4,2 отсто...
Во 2023 година жителите во околните подрачја на седум најголеми градови во Германија во просек морале да издвојат 5,5 отсто повеќе средства за изнајмување на станови.
Во руралните региони кириите за изнајмување на станови пораснале за 5,2 отсто.
фото freepic