Економија
Во Грција се намалени цените на месечно ниво!
11.06.2024
Годишната стапка на инфлација во Грција во мај е намалена на 2,4 отсто, во однос на април кога изнесуваше 3,1 отсто. На месечно ниво цените во Грција се намалени за 0,3 отсто, во однос на април годинава, објави Заводот за статистика на Грција Елстат.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во мај се зголемени за 3,1 отсто меѓугодишно и се забележува нивно забавување споредено со априлскиот раст од 5,4 отсто. Цените на облеката и обувки пораснале за 6,4 отсто, а превозот во Грција е поскап за четири отсто, пренесува „Мина“.
Алкохолните пијалоци и тутунот во мај поскапеле за 1,6 отсто, а цените за рекреација и култура за 2,2 отсто.
Просечните цени во Грција за периодот јуни 2023 година до мај 2024 година во просек се повисоки за 2,8 отсто.
Годишната стапка на невработеност во Грција во април изнесувала 10,8 отсто, што е намалување во однос на минатогодишниот период, кога изнесуваше 11,5 отсто.
фото freepic