Економија

Над половина хрватски граѓани не патувале никаде!

Граѓаните на Хрватска во 2023 година на неколкудневни патувања во земјата и во странство потрошиле 2,2 милијарди евра, а на еднодневните патувања 387 милиони евра. Околу 51 отсто од хрватските граѓани не биле ни на едно повеќедневно патување,  поради немањето на доволно финансиски средства, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска.

За прибирање на податоците во 2023 година биле остварени четири фази на телефонско анкетирање на граѓаните, кое е спроведено на репрезентативен примерок од 22 илјади жители на Хрватска, кои се на возраст над 15 години.

Според податоците на ДЗС, во 2023 година хрватските граѓани на повеќедневните приватни и деловни патувања во Хрватска и странство  просечно трошеле околу 386 евра или околу 68 евра на ден.

Од приватните патувања, поголемиот број или 5,5 милиони се остварени во Хрватска, за што биле потрошени вкупно 257 милиони евра. На еднодневните патувања во странство се потрошени 90 милиони евра.

На деловни еднодневни патувања  кои изнесуваат 438.000,  хрватските граѓани потрошиле 41 милиони евра, од нив 29 милиони евра се потрошени на 344 илјади патувања во Хрватска, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано