Економија

Конкуренцијата меѓу Кина и САД се пресели во земјите од АСЕАН

Соединетите Американски Држави во првото тромесечие годинава за првпат ја надмина Кина, по нејзината 18 месечна доминација, според  вредноста на увозот од  земјите од АСЕАН. Во периодот јануари-март 2024 година  земјите од Асоцијацијата на нации од југоисточна Азија,  во САД извезле производи во вредност од 67,2 милијарди долари, а во Кина (без Хонг Конг) извезле 57 милијарди.

Постојат повеќе причините за порастот на извозот во САД, но тие се должат главно на трговската војна меѓу САД и Кина, односно повисоките царини што Вашингтoн ги воведе за кинеските компании. Големо влијание има и неизвесност која е присутна во градежниот сектор во Кина.

Наспроти ова, САД го зголеми увозот на производи од електронската индустрија и стоки за широка потрошувачка од државите, како што се Виетнам и Малезија, со намера да го намали геополитичкиот ризик и да се заштити од растот на  цената на кинеските производи. Американските санкции против Кина влијаеше и на селење на кинеските производители, кои сакаат да ги задржат пазарните позиции во САД.

Од земјите од југоисточна Азија, Виетнам е најголем извозник во САД со 25,7 милијарди долари. На второ место е Тајланд со 12,6 милијарди долари.   Сингапур остварил извоз од 12 милијарди долари, пренесе РТС.


 

фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано