Економија

Благ пад на инфлацијата во Германија

Инфлацијата во Германија во јуни годинава бележи забавување со што се остварија предвидувањата на Европската централна банка  дека притисокот од порастот на цените во претходните два месеца бил привремен.

Потрошувачките цени во јуни во Германија пораснале за 2,5 отсто на годишно ниво, во споредба со 2,8 отсто во мај годинава, објави германскиот завод за статистика.

Цените на енергијата се намалени за 2,1 отсто во однос на јуни минатата година, но цените на храната повторно пораснаа  за  1,1 отсто на годишно ниво, по растот од 0,6 отсто во мај.

Благиот пад на инфлацијата во Германија во јуни остава можност за уште едно намалување на каматните стапки од ЕЦБ во септември годинава, иако инфлацијата останува на високо ниво. ЕЦБ минатиот месец за прв пат од 2019 година ги намали каматните стапки, пренесе „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано