Економија

Во Германија има 2 милиона празни станови, а побарувачката за изнајмување е голема!

Речиси два милиони станови се празни во Германија во време кога во земјата има голема побарувачка за изнајмување на станови за живеење. Според податоците од пописот од 2022 година објавени денеска, околу 1,9 милиони станови во земјава биле без станари или  4,3 отсто од станбените единици во Германија биле празни, објави Сојузниот завод за статистика.

Повеќе од половина од овие станови, односно 55 отсто од нив, биле празни повеќе од една година поради различни причини, велат статистичарите.

Само 38 отсто биле подготвени за вселување во последните три месеци, а краткиот очекуван период на вселување е забележлив во големите градови Хамбург, Бремен и Берлин.

Една четвртина од сопствениците на недвижности за живеење изјавиле дека планирале градежни работи или санација на празните станови. Околу седум отсто од сопствениците размислувале да го продадат имотот или да се вселат во него. Eдна петтина од сопствениците навеле „нешто друго“ како причина за празниот стан, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано