Економија
Помалку бродови поминале низ Суецкиот канал, намалени приходите за Египет
18.07.2024
Годишниот приход на Суецкиот канал се намалил за една четвртина во последната финансиска година, бидејќи некои од шпедитерите преминале на алтернативните коридори за да ги избегнат нападите на Хутите во Црвеното Море.
- Приходите се намалени на 7,2 милијарди долари за финансиската 2023/24 година, додека мината година изнесувале 9,4 милијарди долари, изјави Осама Рабие, шеф на администрацијата која стопанисува со каналот.
Бројот на бродовите кои го користеле каналот е намален на 20.148, додека една година претходно низа каналот поминале 25.911 пловила.
фото freepic