Економија
Задолженоста на ЕУ е 82 отсто од БДП, најзадолжена е Грција
22.07.2024
Учеството на јавниот долг во БДП во првиот квартал на ниво на еврозоната изнесуваше 88,7 отсто, a според ревидираните податоци, тој е за половина процентен поен поголем од крајот на минатата година. Истиот раст е забележан и кај јавниот долг во Еропската Унија, каде достигна 82 отсто од БДП, објави Евростат. Во однос на првиот квартал од минатата година, учеството на долгот во БДП на еврозоната е намалено за 1,4 процентни поени и за 0,8 процентни поени во ЕУ.
На крајот на март годинава во 17 земји членки на ЕУ јавниот долг искажан во БДП бил над пропишаниот плафон од 60 отсто. Грција ја надмина задолженоста за 60 отсто над нивото на националниот БДП и Италија за 37,7 отсто.
Во Франција, Шпанија и Белгија државниот долг е за 10 отсто над домашниот БДП, а Португалија е на ниво на БДП.
Хрватска има учество на долгот во БДП од 63,3 отсто и најблиску до неа е Германија со учеството на долгот во БДП од 63,4 отсто.
Најниска задолженост е забележанa во Бугарија (22,6 отсто), Естонија (23,6 отсто) и Луксембург (27,2 отсто), пренесе „Сеебиз“.
фото freepic