Економија
Голем раст на слободните работни места во Полска, која има пониска невработеност од ЕУ
24.07.2024
Стапката на невработеност во Полска во јуни годинава е намалена на 4,9 отсто, а претходниот месец таа изнесуваше 5 отсто. Бројот на регистрирани невработени лица во Полска во јуни, на месечно ниво, се намали за 15.000 и изнесува вкупно 762.000 лица. Истовремено, бројот на слободни работни места во земјата се зголеми од 4.400 на 69.400. Овие податоци, што ги објави Главниот завод за статистика (ГУС), покажуваа историско најниска невравотеност во Полска од август 1990 година.
Сезонската прилагодена стапка на невработеност во еврозоната во мај изнесуваше 6,4 отсто, што значи дека е на историскиот минимум од април годинава, објави неодамна Евростат.
Во Европската Унија стапката на невработеност во мај изнесувала шест отсто, а Полска по Чешка има втора најниска стапка на невработеност во ЕУ, пренесува Б92.
фото freepic