Економија
Граѓаните на САД работат дополнително за да ги покријат високите животни трошоци
25.07.2024
Повеќето Американци работат дополнителни работи, ги намалуваат трошоците за возење автомобил или се задолжуваат на банкарските картички за да можат да ги покријат животните трошоци за еден месец. Според најновата анкета на Си-Ен-Ен, речиси 39 отсто од возрасните граѓани на САД се загрижени дека приходите на нивите семејства не се доволни да ги покријат животните трошоци. Ова е за десет проценти повеќе од анкетата во декември 2021 година, кога 28 отсто од граѓаните искажале слична загриженост.
Според резултатите од анкетата, 52 отсто од Латиноамериканците и 46 отсто од Афроамериканците изјавиле дека се загрижени за тоа како ќе го поминат месецот. Повеќе од половината односно 55 отсто од нив заработуваат помалку од 50.000 долари годишно.
Две третини од Американците (65 отсто) изјавиле дека општите трошоци и трошоците на живот се најголем економски проблем со кои се соочуваат нивните членови од семејството.
Типичното американско домаќинство троши 925 долари повеќе месечно за да ги купи истите производи и услуги како пред три години, покажуваат анализите на Мудис Аналитика. Стапката на инфлација во САД се намали, а потрошувачките цени во јули се зголемија за три отсто на годишно ниво, објави Бирото за статистика на трудот, пренесе Б92.
фото freepic