Економија

Економистите предупредуваат: Франција се соочува со италијанско сценарио поради високиот дефицит

Франција мора под итно да го намали јавниот дефицит за 112 милијарди евра за земјата да го избегне познатото италијанско сценарио, предупредија француските економисти. Според нивно мислење, јавниот долг на Франција треба да се намали во наредните седум до 12 години, за земјата  да  избегне влегувањето во спиралата на долгови во која се најде и Италија, пренесува „Мина“.  

- Франција може да  избегне влегување во замката за трошење на повеќе пари за да го врати долгот, оценуваат од Советот за економски анализи на Франција.

Добрата вест за Франција е што таа сега може да ја контролира својата судбина. Долгот е директна последица на сопствениот избор во водењето на буџетската политика, односно не е механичка акумулација или грутка снег која се тркала низ планината, сметаат членовите на Советот.

Економистите советуваат за намалување на примарниот дефицит на четири отсто од БДП во наредните седум до 12 години. Актуелниот министер за финансии Бруно ле Мер даде ветување пред Брисел  дека дефицитот на Франција ќе го намали на три отсто од БДП и ќе ги исполни правилата на Европската Унија до 2027 година.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано