Економија
Француската економија со минимален раст
30.07.2024
Француската економија во вториот квартал годинава пораснала за скромни 0,3 отсто поради благиот раст на потрошувачката и на производството, покажуваат прелиминарните податоци на статистичкиот завод ИНСЕЕ.
Домашната потрошувачка забележа благ раст и ги подобри перформансите на француската економија. Вкупното производство на стоки и услуги се зголеми за 0,5 отсто, по падот од 0,1 отсто во претходниот квартал, информираат од ИНСЕЕ.
Во претходната анкета економистите предвидуваа економски раст на Франција во вториот квартал од 0,2 отсто, пренесува РТЕ.
Владата на Франција беше критикувана поради намалување на прогнозите за раст во 2024 година од 1,4 на еден отсто. Од статистичкиот завод на Франција очекуваат Олимписките игри да го поттикнат економскиот раст до крајот на годината.
фото freepic