Економија
Економијата на ЕУ со раст од 0,3 отсто, Германија со пад на БДП од 0,1 отсто
30.07.2024
Економијата на Европската Унија во второто тромесечие годинава порасна за 0,3 отсто, но германската економија забележа пад на БДП од 0,1 отсто, објави денеска Евростат.
На ниво на еврозоната економскиот раст во периодот јануари-март е 0,3 отсто, што е прв „позначителен“ раст во изминатата година кога покажуваше знаци на стагнација и се движеше околу нула раст на БДП.
Економијата на САД во вториот квартал годинава се зголеми за 0,7 отсто во споредба со првиот квартал или за 2,8 отсто на годишно ниво, објави Н1.
Економската активност во Ирска пораснале најсилно во вториот квартал, за 1,2 отсто во споредба со претходните три месеца. Следат Литванија и Шпанија, каде што е забележан раст од 0,9, односно 0,8 отсто.
Најсилно намалување на активноста има во Летонија, за 1,1 отсто во однос на првиот квартал. Следат Шведска и Унгарија, каде што е намален за 0,8, односно 0,2 отсто. Во Австрија, пак, бруто домашниот производ (БДП) стагнирал.
На годишно ниво, економијата на еврозоната пораснала за 0,6 отсто во периодот од април до јуни, објави Евростат. На ниво на ЕУ, БДП-то во вториот квартал е зголемен за 0,7 отсто во однос на истиот квартал лани. Во периодот од јануари до март беше зголемен за 0,6 отсто.
фото freepic