Економија

МНР: Коридорот 8 има стратешко значење, но и Бугарија да соработува!

Македонија е силно посветена на остварување на поставените цели во рамките на НАТО и на создавање регионална инфраструктура, како дел од Европската мрежа на коридори, кои имаат за цел да го засилат економското влијание и да ја олеснат трговијата и транспортот во регионот. Во однос на железничкиот Коридор 8, се нагласува соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.  

-Земјаќи ја предвид геополитичката позиција на транспортните коридори 8 и 10, Република Северна Македонија ги презема сите неопходни активности за нивна доизградба и модернизација. Во делот на патната инфраструктура оваа година се завршува изградбата на експресниот пат од Куманово до Крива Паланка и преку завршената рехабилитација на патниот правец од Крива Паланка до границата со Бугарија, што претставува вкупна инвестиција од 105 милиони евра, со што ќе се создаде ново модерно патно решение, кое значително ќе влијае врз размената на добра и услуги, како и на зголемување на економската соработка меѓу двете земји, стои во соопштението на МНР.

Во однос на железничкиот Коридор 8, Северна Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток. Во тој контекст, нагласуваме дека во фаза на реализација е изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, што претставува инвестиција од 40 милиони евра. Воедно, истакнуваме дека во фаза на реализација е и изградбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, што е инвестиција вредна 155 милиони евра. Дополнително, во фаза сме на тендерска постапка за избор на Изведувач за изградба на последната делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, пруга која завршува во претпоставен тунел, велат од Министерството.

Исто така, додаваат оттаму, Северна Македонија ги превзема и исполни сите обврски од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, како и инфраструктурата до граничниот премин.

Во таа смисла истакнуваме, дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија. Во оваа прилика, искрено очекуваме Бугарија да ги преземе сите неопходни активности во насока на унапредување на инфраструктурата на Коридор 8, како и да ги исполни обврските кои произлегуваат од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, нагласуваат од МНР.

Премиерот Христијан Мицкоски во однос на намерата за пренамена на средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој и од ЕИБ земен од претходната Влада, за изградба на пругата кон Бугарија, која завршува во тунел, очекува разбирање од кредиторите. Мицкоски смета дека Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, а која се темели, вели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект.

Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан минатата недела во изјава за бугарски медиум искоментира дека европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но оти според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување и дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот.


 

Извор МИА

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано