Економија
Која земја од регионот остварила највисок раст на просечната плата?
31.07.2024
Просечната нето плата во Србија во мај годинава за прв пат надмина над 100.000 динари и изнесува околу 856 евра. Во истиот месец пред три години, просечната нето плата во Србија изнесувала 553 евра (65.025 динари). За овој тригодишен период платата во оваа земја пораснала за 35 отсто.
Министерсот за финансии Синиша Мали искажа очекувања дека до 2027 година просечната нето плата во Србија да достигне 1.400 евра, пишува „Данас“.
Според висината на сегашната просечна плата, Србија се наоѓа на средината меѓу земјите од регионот. Во Хрватска просечната нето плата во мај изнесувала 1.324 евра или 468 евра повеќе од просечната плата во Србија. Пред три години, просечната хрватска плата изнесуваше 7.104 куни, односно 927 евра. За три години просечната плата во Хрватска се зголемила за 397 евра или за 30 отсто.
Просечната плата во Босна и Херцеговина во мај изнесува 1.388 конвертабилни марки или 710 евра. Во мај 2021 година просечната плата во БиХ изнесувала 981 конвертабилна марка (502 евра). Просечната плата во оваа земја за три години се зголемила за 208 евра (околу 29 отсто).
Во Црна Гора просечната нето плата во мај изнесува 832 евра, но во мај 2021 година изнесувала 530 евра. За три години платата во Црна Гора пораснала за 302 евра или оствариле раст од 36 отсто.
Македонија, како и БиХ, имаат пониска просечна плата од Србија. Во мај годинава во Македонија просечната плата изнесува 41.252 денари или 670 евра. Просечната нето плата во 2021 година во Македонија изнесувала 28.721 или 467 евра. За три години просечната плата во Македонија пораснала за 30 отсто, објави „Данас“.
фото freepic