Економија

Србија оствари раст на БДП за 4,2 отсто

Реалниот раст на бруто домашниот производ на Србија во вториот квартал годинава изнесува 4,2 отсто во однос на истиот период во 2023 година, објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на БДП во првиот квартал изнесувал 4,7 отсто. Со републичкиот буџет за 2024 година проектиран е раст на српската економија од 3,5 отсто, пренесе Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано