Економија

Олимписките игри за Франција ќе донесат дополнителен раст на БДП од 0,4 отсто

Олимписките игри во Париз ќе го зголеми францускиот бруто домашен производ за повеќе од 10 милијарди евра или за 0,4 отсто, а инфлацијата може да се зголеми за 0,1 процентен поен, покажале податоците од истражувањето на германската мултинационална фирма „Алианз“.

Бројот на туристите во Франција во 2024 година ќе биде поголем за шест отсто или за 5,4 милиони во однос на минатата година. Вкупниот број на туристи ќе изнесува 95,2 милиони и се проценува дека само од туризмот ќе бидат собрани околу 1,8 милијарди евра. Сепак, зголемувањето на туристичките посети не е само поради Олимписките игри, бидејќи Франција секоја година ја посетуваат поголем број на странци. Вкупниот број на туристите кои ќе го посетат Париз изнесува околу 15,3 милиони.

Статистичарите објаснуваат дека организацијата на Олимписките игри не носи поголемо влијание на националните економии, поради високите трошоци на домаќинот. Но оваа спортска манифестација е добра за имиџот на земјата домаќин.

Според податоците на „Алианз“ досега се потрошени околу 11,8 милијарди евра за организација на игрите и за безбедност. Процените се дека зголемувањето на БДП на Франција ќе изнесува од 8,3 милијарди евра поради поголемата потрошувачка. Урамнотежувањето меѓу приходите и расходите ќе бидат позитивни од околу 400 милиони евра, пренесува „Бизнис.ба“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано