Економија
Цени на храната во светот во јули е непроменета, а во Македонија!
02.08.2024
Светските цени на храна во јули останаа речиси непроменети два месеца по ред. Зголемените цени на растителното масло, месото и шеќерот беше надоместен со пониските цени на житариците, објави Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
Вкупниот индекс на кошничката за храна која ја пресметува ФАО во јули изнесуваше 120,8 бодови, додека во јуни изнесуваше 121 бод. Во однос на минатогодишниот јули вредноста на индексот е намален за 3,1 отсто.
Цените на житарките се намалени за 3,8 отсто на месечно ниво, а глобалните извозни цени на главните житни култури се намалени два месеца по ред. Цените се намалени поради поголемата сезонска достапност на житото и поволните услови во САД и Канада, што најавува добра жетва во текот на годината.
Намалување на цената има и кај пченката поради подобрата реколта во Аргентина и Бразил. Оризот е поевтин за 2,4 отсто.
Индексот на цени на растителните масла се зголеми за 2,4 отсто и е на највисоко ниво во последните 18 месеци. Месото во јули поскапе за 1,2 отсто. Шеќерот бележи минимален раст на цената на месечно ниво од 0,7 отсто, поради натпросечното производство во Бразил. Цените на млекото останале непроменети, информираат од ФАО, пренесува „Сеебиз“.
Државниот завод за статистика на Македонија објави дека индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи зголемување од 3,2 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 отсто.
фото freepic